Државната изборна комисија соопштии дека заклучно со денеска напладне, вкупно се пријавиле 3642 граѓани чиишто записи во Избирачкиотсписок по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно имало несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

– Од нив, 1605 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2037 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК, велат од Комисијата.