Дополнителниот заменик министер за труд Диме Спасов денеска не се појавил на распит во сообраќајната полиција, во врска со сообраќајката што вчера се случи во општина Карпош, кај Агенцијата за катастар на недвижности, дознава НОВА.
Според наши информации тој добил покана, и рекол дека ќе се појави некаде околу пладне, но се досега не дошол.
Како што е веќе објавено, синоќа на улицата Алжирска се случила сообраќајка во која учествувал црн туарег, и кој удрил во неколку паркирани возила. Во возилото освен возачот имало и сопатничка, која останала во возилото откако возачот избегал. Според пишувањата на повеќето медиуми возачот наводно бил Диме Спасов, дополнителниот министер за труд, кој наводно бил пијан и го управувал службеното возило, кое наводно било сопственост на Агенцијата за вработување.
Од МВР најавија дека наскоро ќе објават соопштение за случајот.
Останува на институциите да одговорат за какви се злоупотреби се работи во овој случај каде е инволвиран владин функционер. Една од нив е како тој користел службено возило надвор од работното време.




