Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До целосна либерализација на енергетскиот пазар со помош од УСАИД

0
By Нова ТВ on October 15, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова практично е решението и помошта за решавање на енергетските проблеми во Република Македонија, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев пред потпишување на меморандумот за соработка меѓу Проектот на УСАИД за развој на регионални енергетски пазари со Владата и со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со потпишување на двата меморандума за реализација на проектот „Поддршка на реформите во секторот енергетика во Македонија“ се официјализира соработката меѓу УСАИД и Владата за техничката помош што треба да ја обезбеди УСАИД за хармонизирање на националното законодавство со Третиот енергетски пакет на директиви и регулативи на Европската унија и со барањата на Енергетската заедница.

Анѓушев потсети дека Македонија имаше обврска во 2014 година целосно да го либерализира пазарот на електрична енергија, но тоа не беше направено. Почна да се прави, како што рече, со носењето на новиот Закон за енергетика во мај годинава.

– Тоа не беше да биде возможно без помош на УСАИД кој издвои средства за да ни помогне во креирањето на Закнот, а сега и за креирањето на 80 подзаконски акти чија изработка е во тек, рече Анѓушев.

Нагласи дека се очекува изработката да заврши според предвидениот план со што ќе се овозможи заштита на граѓаните во поглед на цената на енергенсите и развој на обновливите извори на енергија (ОИЕ).

Американскиот амбасадор Џес Бејли нагласи дека транспарентните и конкурентни енергетски пазари се од витално значење за домаќинствата, индустријата и економијата, а разновидниот енергетски микс обезбедува енергетска сигурност.

– Соработката со УСАИД ќе и овозможи на Македонија да обезбеди  разновидно и конкурентно енергетско портфолио. Тоа ќе и помогне на Владата да го усогласи националното  енергетско законодавство со енергетските регулативи и директиви на Европската унија, рече Бејли и додаде дека неодамна усвоениот Закон за енергетика помага во усогласувањето.

Законот, додаде, обезбедува правна рамка за транспарентен, конкурентен и разновиден енергетски пазар, целосна либерализација на енергетскиот пазар во Македонија, како  и интеграција со регионалните енергетски пазари и подобри услуги за домаќинствата и индустријата.

– Следната година домаќинствата и малите бизниси првпат ќе имаат можност да изберат снабдувач на електрична енергија. Разновидноста на снабдување ќе ја зацврсти енергетската  безбедност на Македонија и ќе стимулира инвестиции во ОИЕ, што ќе го зголеми производството на чиста електрична енергија од домашно производство и ќе ја зголеми сигурноста на снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата и индустријата, потенцира Бејли.

Министерт за економија Крешник Бектеши посочи дека потпишувањето на двата меморандума со УСАИД ја потврдува одличната соработка при изработката на Законот за енергетика и подзаконските акти.

– Работиме Законот да не биде ставен само на хартија, туку да почне да се спроведува. Очекуваме до крајот на годинава да ги завршиме сите обврски и граѓаните и компаниите од наредната година да имаат можност да ги осетат придобивките од новиот Закон, рече Бектеши.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски потсети дека на Регулаторната комисија со овој проект веќе и е и пружена огромна помош во минатиот период, а ќе следува и во наредниот период.

– Имплементацијата на Законот за енергетика подразбира и носење на подзаконски акти кои се однесуваат и на работата на компаниите на регулираните и на слободниот пазар на електрична енергија и природен гас. РКЕ треба да усвои повеќе од 40 подзакнски акти кои треба да овозможат правично и транспарентно функционирање на пазарите на енергија, рече Бислимовски.

Потенцира дека во изминатиот период РКЕ веќе ги усвои најбитните подзаконски акти од областа на електричната енергија кои, како што рече, беа од клучно значење за Владата да го објави огласот за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Во наредниот период со помошна УСАИД, потенцира, РКЕ ќе продолжи да ја усвојува целокупната потребна подзаконска регулатива.

Поддршка на реформите во секторот енергетика во Македонија е проект на УСАИД што почна да се спрведува во декември 2017 година. Негова главна цел е да се унапреди деловното опкружување во енергетскиот сектор и да обезбеди правна рамка за отворен, тренспарентен и динамичен пазар на енергија и подобри енергетски услуги за домаќинствата и индустријата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.