Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата ќе плаќа за изедначување на пониските плати со минималната

0
By Нова ТВ on July 19, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државата ќе обезбеди финансиска поддршка за надминување на јазот од изедначување на дел од платите поради усогласување со минималната плата што се јави кај работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата и изнесуваат до 18.000 денари нето плата, предвидува предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата што денеска беше на разгледување на седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар рече дека измените на Законот за минимална плата се носат со цел да се поттикнат работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата и изнесуваат до 18.000 денари нето плата.

„Со покачувањето на минималната плата, дојде до приближување на платите на работниците кои имаат минимална плата и работниците кои пред покачувањето на минималната плата имале приближно до 12.000 денари со што се наметна потребата од финансиска поддршка од државата за надминување на јазот од изедначување на дел од платите поради усогласување со минималната плата што се јави кај претпријатија кај кои трошоците за вработените сочинуваат повеќе од 50 отсто од вкупните трошоци“, пишува во образложението на предлог-законот.

Според Владата која е предлагач на измените на Законот за минимална плата, преку финансиската поддршка ќе се поттикне спиралата за покачување на платите во останатите сектори што  позитивно  ќе влијае на растот на продуктивноста на компаниите и на растот на животниот стандард на работниците.

Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар пред пратениците рече дека измените на Законот за минимална плата се носат со цел да се поттикнат работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата

„Планирано е финансиската поддршка да се обезбедува во периодот од јули 2018 до декември 2019 година и да изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во месеците октомври, ноември и декември 2017 година при што максималната финансиска поддршка може да изнесува 1.200 денари“, рече Бајрактар.

Тој ги информираше членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика дека парите за исплата на финансиската поддршка се обезбедени и доколку аплицираат сите кои ги исполнуваат условите со мерката ќе бидат опфатени околу 50.000 вработени и 15.000 работодавачи.

Финансиска поддршка од државата ќе може добие секој работодавач кој во периодот од октомври до декември 2017 година на работникот му исплатил  просечна бруто плата до 26.250 денари, работодавачот кој не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход за работникот, како и ако работодавачот не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење според одредбите од Законот за трговските друштва. Право да побараат државна поддршка ќе имаат и работодавачите кои ги имаат подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската поддршка .

За спроведување на овој закон ќе бидат потребни околу 372.000.000 денари за 2018 година, односно 892.800,00 денари за 2019 година.

Минимална плата претставува најнизок месечен износ на основната плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време.

Денешната седница на собраниската комисија за труд и социјална работа беше прекината поради неопходноста од учество на членовите на Комисијата на собраниска седница. Расправата по овој предлог-закон ќе продолжи на следната седница која дополнително ќе биде закажана.

измени закон за минимална плата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.