Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата очекува 100 милиони евра прилив од производството на канабис

0
By Нова ТВ on April 26, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата „Мам“, потврди денеска пред пратениците премиерот Зоран Заев и информира дека вкупната инвестиција ќе достигне повеќе од 10 милиони евра, а во моментов се вработени скоро 30 граѓани од Свети Николе.

Одговорајќи на прашање од пратеничката Благица Ласовска, Заев рече дека производството е во тек, а првите берби се очекуваат во периодот јуни/јули кога ќе биде остварен и девизен прилив од извозот.

Според премиерот, етички е и со закон дозволено да се произведува лек од канабис, независно дали станува збор за член на семејството Заеви. Тој воедно апелира, секој што има ресурси да вложи во оваа дејност зашто е профитабилна.

– Се работи за сериозен производствен капацитет. Новите сопственици на „Мам“ се „Елиница“ од Струмица и словенечка компанија која има фабрика за произведување лек од канабис во Германија и Полска. Инвестицијата досега е три милиони евра. Исплатени се обрвските на „Мам“ кон сите што имале побарувања од претходната сопственичка структура, околу 2,5 милиони евра. Подмирени се пред се стопанствениците и институциите во Свети Николе и државата, објасни премиерот.

Докупени се, рече, и акциите на помалите сопственици со што капиталот е комплетиран.

– Целта е да бидат вработени повеќе од 130 граѓани на Свети Николе. Тоа е дејност согласно Законот што го донесе претходната власт – за производство на лек или масло од канабис. Тогаш беше издадена само една лиценца, а оваа Влада издаде уште седум, додека уште четири до пет се во процедура, нагласи Заев.

Тој лично, како што истакна, е поддржувач на вакви работи зашто од производство на лек од канабис државата очекува нови работни места и 100 милиони евра прилив што е 0,1 отсто од бруто домашниот производ.

– Се е согласно меѓународните стандарди и регулативи. Германија, Канада и САД во некои држави истото го прави. Се надевам дека кај нас ќе има повеќе инвестиции, а едно од најнапредните е производството во ОХИС. Веднаш после него е производството кај Крушево каде веќе берат цвет заради екстрадирање на маслото од марихуана, информира премиерот, изразувајќи уверување дека Македонија го држи чекорот во оваа дејност и дека ваквите инвестиции ќе и донесат само добро.

Заев е уверен дека до крајот на мај земјава ќе има девизен прилив од извоз на сушен продукт – цвет од масло од канабис за пазарите во Полска и Германија.

– Во Владата е отворена дебата – ако во првата реколта се испорачаат количините со девизен прилив колку што се најавува согласно пазарните берзи, државата можеби треба да размисли за акциза, рече премиерот.

На овој одговор, пратеничката Ласовска дополнително праша дали тој, како премиер, навистина смета дека е етички некој од неговот семејство да се занимава со овој тип на производството.

– Не е етички да го ставиме министер Трајче Заев или да го вработиме, него или некој од неговата фамилија, но и тоа како сметам дека е етички членови на семејството Заеви да се занимаваат со ваков вид производство. Тоа е дозволено со закон, не само во Македонија, туку и во најголем број од земјите во светот. Има благородно дејство, лечи, прифатено е од нашата медицина и од Светската здравствена организација, секаде функционира и мислам дека е добро да се произведува лек од канабис за потребата на пациентите, потенцира Заев.

Премиерот беше дециден дека Трајче Заев има право да води приватен бизнис, посебно онаму каде што нема допирни точки со државата. – Се гордеам со секоја инвестиција на Заеви, оти се што имаме ни е дома и ќе продолжиме дома да инвестираме, подвлече премиерот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.