Во Калпе, Шпанија денеска стартуваше првата рунда од Светскиот куп натпревари во планински велосипедизам.
Македонската шампионка Дуња Иванова 82 километри со 2.700 метри висинско искачување, го извози 22- ра и освои 62 УЦИ поени со што го подобри својот пласман на Светската ранг листа.
Трката во Калпе резултираше и со прв македонски велосипедист кој освоил УЦИ поени кои овозможуваат повисок пласман и на Светската велосипедска ранг листа.
Денешниот велосипедски маратон познат и како „Коста Бланка“, е означен како екстремно технички предизвик со голема бројка откажувања во текот на трката.
Дуња Иванова денеска ја извози и ја заврши тешката етапа од 82 км и 2700 м висинско искачување на една од најекстремните патеки во светот за планински велосипедизам.
Видео:




