Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

0
By Marija Todorovska on September 10, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 10, 2025 13:50

Атина: Зад кражби на четири автомобили, еден мотор, пари и накит од туристички сместувачки капацитети и од туристи на плажи на Халкидики во периодот јули – септември стојат две лица, грчки државјани од кои едниот е уапсен, а другиот идентификуван.

Од грчката полиција соопштија дека по темелна истрага на полициската станица Касандра, беа расветлени вкупно 13 кражби во различни делови на Халкидики.

Уапсениот бил откриен додека управувал возило што со неговиот соучесникот претходно го украле од крајбрежна област на Халкидики, а откако не одговорил на наредбите на полицијата, се обидел да побегне пеш, но брзо бил фатен.

Според истрагата, уапсениот и неговиот соработник претходно украле чанта од лице кое било на плажа, во која имало 1.500 евра, 200 романски леи, 100 бугарски лева, мобилен телефон и клуч од возило, кое потоа било украдено од местото каде што било паркирано.

Соучесникот, исто така државјанин на Грција, кој е во бегство, но е идентификуван, во понеделникот бил забележан додека управува украдено возило, кое заедно со уапсениот го украле на 27 август 2025 година од двор на куќа во Халкидики.

При полициски сигнал за запирање, со голема брзина возел кон полицаецот, но без да го повреди, по што избегал.

Понатамошната истрага на полицијата откри дека, од крајот на јули до почетокот на септември, двајцата мажи, дејствувајќи заедно, извршиле уште 12 кражби во различни области на Халкидики, а поконкретно: шест кражби од туристички сместувачки капацитети, каде што во еден случај отстраниле и паркиран автомобил со клучот што го украле од туристичкиот објект; две кражби од куќи, при што од една украле и паркиран автомобил од дворот; две кражби на торби од капачи, а во едната имало клуч од автомобил, со кој го украле и паркираното возило; една кражба на чанта од пешак и една кражба на мотор, соопштија од грчката полиција.

Во извршените 13 кражби одзеле вкупно четири автомобили и еден мотор, 5.595 евра, 1.850 српски динари, 1.000 долари, 500 швајцарски франци, 600 бугарски лева и 200 романски леи, накит во вредност од над 10.000 евра, два часовници и два пара очила за сонце, два мобилни телефони, како и банкарски картички, документи и други предмети.

Паралелно искористиле три од украдените банкарски картички и подигнале 1.320 евра од банкомат.

Кај уапсениот биле пронајдени и одземени 380 евра и 1.850 српски динари, кокаин со тежина од 0,6 грама, два клуча од возило и два мобилни телефони.

Од грчката полиција информираа дека украденото возило што го управувал уапсениот, како и дел од украдените предмети им биле вратени на сопствениците.

Грција кражби Халкидики
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.