Македонската радио телевизија преку известување се огласи за своите долгови. Според МТВ, во структурата на актуелниот долг во најголем дел влегуваат Париски и Лондонски клуб на доверители, УЈП, Аеродроми на Македонија, ТСЕ и ЕЛЕМ.

-Од назначување на сегашниот менаџмент во март 2012 година до денес, Македонската радио телевизија има платено стари обврски во висина од 13.257.535,00 евра. Станува збор за обврски што се направени пред тој период , а се исплатени во изминативе пет години – пишува во писмото од МТВ.

Обврската кон доверителите на Париски и лондонски клуб, преземена обврска од 1998 на вкупен износ од 187.215.189,00 денари или 3.034.281,00 евра. Обврската кон Управата за јавни приходи е врз основ на данок на добивка што во поголем се однесува на ненаплатена радиодифузна такса и на данок на додадена вредност, а дел од долгот е преземена обврска од 2006 година. Вкупниот износ на обврската кон УЈП изнесува 192.163.138,00 денари или 3.114.475.50 евра. Обврска кон Аеродроми на Македонија е преземена обврска од 2007 година и вкупниот долг изнесувал изнесува 217.491.246,00 денари или 3,524,979,00 евра.Обврската кон ТСЕ е преземана обврска од 2008 година и вкупниот долг изнесува 61,454,022.00 денари или 996.013,00 евра Обврската кон ЕЛЕМ се однесува за период до 31.10.2010 во износ од 7.806.737,00 денари или 126.527,00 евра – ова се долговите кои ги наведуваат во писмото.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од почеток на политичката криза до сега УЈП по основ на радиодифузна такса има наплатено помалку средства од претходните години во висина повеќе од 200.000.000 денари. Оваа реална состојба на ненаплатени средства и нанесе уште повќе штета на МРТ. Што се однесува до Европската радиодифузна унија, во 2012 година вкупниот долг изнесувал 195.308.276,00 денари или 3.165.450,00 евра.

Платениот износ во периодот од 1.03.2012 до 26.10.2017 изнесува 379.225.391,00 денари или 6.146.278,00 евра. Моменталните доспеани обврски изнесуваат 63.404.659,00 денари или 1.027.628,00 евра од кои 26.779.800,00 денари или 434.032,00 евра се доспеани обврски само по основ на откупени спортски права и тоа: ФИФА Светски фудбалски куп 2018, УЕФА Европски квалификации 2016-2018, Атлетика ИААЕФ 2017 и други настани.

Инаку, меѓу МРТ и ЕБУ е одржана средба на највисоко ниво, каде што е решено да се укинат сите санкции кон МРТ и сите сервисни услуги што ги нуди ЕБУ и се достапни на Македонската радио телевизија во целост. Исто така, мошне значајно е да се нагласи дека поради политичката криза и најавите за укинување на радиодифузната такса, Управата за јавни приходи има наплатено значително помал износ по основ на радиодифузна такса.

Имено, Македонската радио телевизија по основ на радиодифузна такса има побарувања од УЈП во висина од 2.094.547.125,00 денари или 33.947.279,00 евра, а обврската за наплата на радиодифузната такса е на Управата за јавни приходи односно државата. Нагласуваме, доколку овие средства биле навремено наплатени од УЈП, ЈРП МРТ би била во можност да ги сервисира преземените и доспеаните тековни обврски и истовремено јавниот сервис би бил во можност да располага со средства за реализација на нови програмски содржини – порачуваат од МТВ.