Published: Wednesday, July 6, 2016 19:19
Европската унија донесе одлука за кратење на уште 69 милиони евра, средства од ИПА фондовите, објави Алсат М.
Според телевизијата, оваа одлука ќе има директни последици за Коридорот 8 и со неа се засилуваат санкциите од ЕУ.
ЕУ планира да и ги одземе надлежностите на Владата за менаџирање на ИПА фондовите и директно да одлучува како ќе се трошат европските пари, кои досега беа децентрализирани.
Брисел нема повеќе доверба во домашните власти и токму затоа одлучи за засилено набљудување на ИПА фондовите, пренесува Алсат.
ЕУ пред неколку дена донесе одлука за кратење на 27 милиони евра од ИПА фондовите за Македонија, што беше толкувано како почеток на санкциите за Македонија од страна на Брисел.




