Судијката Татјана Михајлова, која го води судењето за насилните протести во општина Центар, на денешното рочиште ги казни обвинителките на СЈО, Катица Јанева и Фатиме Фетаи, со по 2000 евра за непочитување на Судот. Причината за тоа е што обвинителката Фетаи рече дека записникот од минатото судење не бил точно и целосно напишан, а специјалната обвинителка, Катица Јанева, кон судијката Татјана Михајлова, се обрати со забелешка дека не заслужува да биде судија.

„На минатото рочиште јавноста беше исклучена во одреден дел од судењето, додека пак во записникот пишува дека била исклучена во сосема друг дел. Ние имаме и снимки кои го докажуваат тоа“, рече обвинителката Фетаи.

Обвинителката Катица Јанева истакна дека не само Судот, туку и СЈО има механизми со кои може да се справи со ваквото однесување на судијката Михалјова.

За обвинетиот Никола Груевски и неговиот адвокат, Никола Додевски, денешното рочиште повеќе наликувало на циркуз отколку на вистинско судење. Додевски рече дека стекнал впечаток како Јанева и Фетаи да сакале да ја саботираат работата на Судот.

Денешното беше трето подготвотелно рочиште за немирите во општина Центар. Главната расправа е одложена, а предметот е пратен до советот на обвинители.

На минатото рочиште одржано во декември Судот ги одби аудио снимките од прислушуваните разговори, а го одби и зашитетениот сведок на СЈО.

Во случајот се обвинети се 14 лица, од кои пет како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Меѓу обвинетите е и Никола Груевски, поранешен премиер, поранешниот министер Миле Јанакиески, како и бившата советничка во општината, Даниела Рангелова.