Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија

0
By Нова ТВ on January 19, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед, информираат од Министерството за финансии.

– На потврдата на рејтингот ББ влијаеjа историјатот на кохерентна макроекономска и финансиска политика, која го поддржува долготрајниот фиксен девизен курс. Позитивниот изглед ја одразува стабилизацијата на политичкото окружување, што резултирало со суштински напредок кон членството во ЕУ и зголемена економска доверба, велат од Министерството за финансии.

Во извештајот, „Фич“ го нотира значителниот напредок во решавањето на проблемот со името со Грција, односно усвојувањето на уставните измени во Македонија и очекуваното усвојување на договорот од страна на Грција. Според „Фич“, ова ќе го асфалтира патот на Македонија кон членство во НАТО и ќе го поддржи почетокот на формални преговори за членство во ЕУ. Притоа, се забележува дека целиот процес го истакнува и подобрувањето на политичкиот амбиент во Македонија, односно дека процесот се реализирал без негативен ефект врз политичката стабилност и со широка поддршка од меѓународната заедница.

„Фич“ констатира дека подобрената политичка стабилност влијаела на закрепнувањето на економската активност и оти растот на БДП ќе забрза од 2,3 проценти во 2018 на 3,2 проценти во 2019 година и на 3,6 проценти во 2020 година. Според „Фич“, дефицитот е намален од 2,7 проценти од БДП во 2017 на 1,8 проценти во 2018 година како резултат на повисоките даночни приходи поради зајакнувањето на економијата и подобрената наплата на приходи, како и на потфрлањето кај капиталните расходи поради ре-оценката на проектите и затегнувањето на процесот на набавки.

„Фич“ очекува дека подобрувањето на капиталните расходи ќе резултира со дефицит од 2,7 проценти од БДП во 2019, а повисокиот раст и фискалните реформи ќе го намалат дефицитот на 2,5 проценти од БДП во 2020.  Се посочува дека се имплементираат подобрувања во управувањето со јавните финансии преку програма усогласена со ЕУ. Се нотира дека државниот долг од 40,8 проценти од БДП на крајот на 2018 според официјалните оценки е под медијаната на групата на слични други земји од 47 проценти, додека гарантираниот .долг изнесува 8 проценти од БДП.

„Фич“ оценува дека ризиците за политичката стабилност се се уште повисоки од групата на слични други земји како резултат на политичката криза меѓу 2014 и 2017 година и се наведува дека врз подобрување на рејтингот може да влијаат подобрувањето на стандардите на владеењето и понатамошното намалување на политичкиот ризик, како и имплементацијата на среднорочна фискална консолидација конзистентна со стабилизација на учеството на јавниот долг во БДП. Врз влошување на кредитниот рејтинг пак може да влијаат негативните политички движења кои би влијаеле врз стандардите на владеење и економијата, фискалната недисциплина или потенцијалните обврски, како и проширувањето на дефицитот на тековната сметка.

МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.