Екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска се појави во Апелацискиот суд каде на јавна седница се разгледуваат жалбите на обвинетите во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, на одлуката на Кривичниот суд за мерките на претпазливост(одземање на пасошот и обврска за јавување во суд), како и ќалбите на СЈО на оваа одлука, кои бараат притвор.

Поркрај Груевски, јавни седници денеска има и за поранешниот министер за транспорт и врски Мили Јанакиески, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски, сите обвинети во истиот случај.

СЈО бара притвор за нив.

Претходно Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 реши само да им ги задржи пасошите и им наложи редовно да се јавуваат во судот, но од страна на СЈО не прифати ниту еден предлог за одредување на мерка притвор. Во предметот „Титаник“ обвинетите се товарат за изборни измами.

Второстепениот суд има рок од 48 часа да донесе одлука.