Уривани ѕидови, искорната инсталација, искршени стакла и мебел… Вака изгледа внатрешноста на Собранието откако демонстрантите од За Заедничка Македонија, дел од нив со фантомки влегоа во Парламентот. Репортерката на НОВА известува дека демонстрантите слободно се шетаат низ просториите, не дозволуваат да се фотографира и снима и се насилни во односот со новинарите. Новинарите се наоѓаат во делот кај свечениот влез и не им е дозволено да се движат.

Надвор репортерите на НОВА јавуваат за многу мало присуство на полицијата која дозволува демонстрантите слободно да влегуваат и излегуваат од Собранието.