По земјотресите во Скопје, сите училишта и градинки конструктивно се во ред, но даден е налог на неколку градинки да се затворат одредени училници, изјави за НОВА директорот на ИЗИС, Михаил Гаревски.
Институтот за земјотресно инженерство и сезмологија Скопје (ИЗИИС) по препорака на Управувачкиот комитет за справување со кризи денеска ги посетуваше училиштата и градинките во скопско за да ги увиди штетите и можните последици по серијата земјотреси од последните два дена, како и за паниката што се создава кај граѓаните.
Според Гаревски, констатирано е дека во неколку градинки паднал малтер и во одредени училници било даден налог да не се користат.
Досега само за основното училиште „11 Октомври“ има забрана за користење на две училници.
Гаревски вели дека со прецизни информации за проверката на условите во скопските основни училишта и градинки, ќе излезат во текот на денот.
Наскоро на НОВА следи и интервју со директорот на ИЗИС, Михаил Гаревски.




