Активисти поставија патоказни табли на неколку локации во Реканскиот крај, кој е еден од најраселените во Македонија, на кои покрај насоката и рaстојнието до одредено село, покажуваат и колку луѓе се иселиле од тоа село во изминатите 20 години и колкав процент од вкупното население е иселено во странство.

Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште и другите населени места од овој крај во свое време биле големи и бројни села, а сега се опустени.

– Со оваа акција сакаме да му помогнеме на локалното население и да алармираме за една од најголемите болки на реканскиот крај – иселувањето. Акцијата е наменета за поддршка на локалните НВО и месните заедници да го дигнат својот глас и да алармираат за овој горлив проблем во реканскиот регион, велат активистите кои ја направија оваа герила со помош на „Цивика мобилитас“.