Гласачкото ливче и за прегласувањето в недела останува исто, соопштија од ДИК, и покрај најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествуваат.

Прегласувањето на избирачкото место 2011 во тетовско Теарце, според пресметките може да доведе до промена во освоените мандати кај двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ: СДСМ може да добие еден мандат на сметка на ВМРО-ДПМНЕ или, пак, тој да остане како во моментов 51-49 во корист на владејачката партија. Доколку СДСМ освои уште еден мандат благодарение на гласовите во Теарце, силите ќе бидат изедначени, односно двете партии ќе имаат по 50 мандати.

Во избирачкото место каде што ќе се прегласува, запишани се 714 гласачи.

НОВA неделава беше ова тетовско село, каде разговараше со жителите за расположението пред прегласувањето.

(ВИДЕО) Теарце: Центарот на изборните интриги