Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорѓиев: Владата ќе почне со целосно обесштетување на поплавените

0
By Нова ТВ on October 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 5, 2016 20:27

Владата на денешната седница донела одлука за почеток на процесот на исплата на целосната оштета за оштетените од августовските поплави, информираше портпаролот Александар Ѓорѓиев.

„Процесот на исплата на целосната оштета ќе се реализира во неколку транши. Согласно одлуката која е донесена денеска, во првата транша на исплати ќе следува исплата на оштетата за 947 предмети кои ќе добијат 100% од проценетата штета, за која што цел за овие 947 предмети се издвоени 118 милиони денари.

По наша проценка има околу 4000 предмети врз основа на кои треба да се исплати оштета, точниот вкупен број не е се уште утврден заради тоа што процесот на утврдување на точноста на секој предмет е се уште во тек, така да во оваа прва транша се опфатени приближно околу 25% од предметите. Значи, понатаму како што ќе се прочистуваат и комплетираат останатите предмети ќе следуваат нови транши на исплата на други домаќинства, исто така во висина од 100% од проценетата штета. Целиот овој процес би требало да заврши во период на месец октомври и ноември“, рече Ѓорѓиев.

Тој информираше дека досега се извршени авансни исплати од по 30 000 денари за 3074 предмети.

„Останатите, по проценка околу 1000 предмети нема да добијат авансна исплата туку веднаш ќе добијат комплетна оштета во висина од 100% од проценетата штета, односно кај овие предмети наместо во два чекора, авансна па комплетна исплата, процесот ќе оди во еден чекор директна комплетна исплата“, додаде Ѓорѓиев.

Оние пак кои добиле аванс од 30 илјади денари, на крајот ќе добијат 30 илјади помалку од вкупната сума на која е проценета штетата.

„На пример ако по основа на предмет била исплатена авансна исплата од 30000 денари, а вкупната проценета штета е 330 000 денари, сега по основ на тој предмет ќе бидат исплатени дополнителни 300 000 денари, затоа што 30 000 денари веќе добиле со авансот. Оние кои не добиле авансна исплата ќе добијат директно комплетна исплата на целата штета“, рече портпаролот на Владата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.