Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанските организации предлагаат пакет реформи за излез од кризата

0
By Нова ТВ on July 8, 2016 ПОЛИТИКА
фото: МЕТА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 8, 2016 15:52

Група граѓански организации и експерти подготвија Предлог за итни демократски реформи кои имаат цел да ги вратат демократските стандарди и вредности во Македонија, враќајќи ја така и довербата на граѓаните во клучните државни институции.

Главната цел на документот е да предложи мерки за спроведување итни реформи кои ќе создадат услови за слободни, фер и кредибилни избори.

-Со оглед на степенот назаробеност на државата од страна на владејачките партии, сметаме дека најцелисходно е предложените мерки да ги спроведе експертска влада која во целост ќе се придржува до принципот „Прво реформи, а потоа избори“, се вели во соопштението потпишано од девет граѓански организации.

Според нив најважни мерки за спроведување на итните реформски приоритети се:

Јавни финансии и економија: враќање на фискалната дисциплина и воспоставување на фискална транспарентност.

Правосудство: обезбедување на соодветна транспарентност и непристрасност во работата на институциите од судскиот систем, мерки за гарантирање на работата на СЈО.

Борба против корупција: одговорност од раководители на институции кои дозволиле да се рашири корупцијата на високо ниво; зајакнување на интегритетот на институциите; реформа на начинот на финансирање на политичките партии.

Избори и изборен систем:реформирање на Државната изборна комисија, прочистување на Избирачкиот список и одвојување на државата од политичките партии.

Медиуми: независност на регулаторното тело и медиумите од политичко влијание, институционална автономија и независност на Јавниот радиодифузен сервис; спречување на говорот на омраза и дискриминацијата во медиумите; зголемување на нивото на безбедност на новинарите.

Јавна администрација: Oневозможување злоупотреба на администрацијата за избори; зголемeна транспарентност/објавувањe на сите владини одлуки 24 часа по седниците; целосен пристап до информации од јавен карактер; еднаквост и правна сигурност во управните постапки; изрекувањето на глоби да се заснова на пропорционалност.

Контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање:Воспоставување на модел за кредибилна, ефективна и надворешна цивилна контрола врз полицијата и тајните служби, како и поддршка на експертската работната група на Совет на Европа и МВР за утврдување на моделот.

Собрание: зајакнување на механизмите на парламентарна контрола, транспарентноста и вклученоста на јавноста, надминување на слабости во постапката на донесување на закони и ефективноста на парламентарните дискусии.

Граѓанско општество:Намалување на законските прагови за сите видови на директно граѓанското учество; воспоставување на ефективен консултативен механизам за креирање на политики и одлучување; обезбедување на правна рамка за правото на протест согласно меѓународните стандарди.

Социјална заштита, благосостојба и одржливост:Утврдување на критичните недостатоци во системот на социјалната заштита и воведување надзор во постапките за доделување на социјална парична помош; меѓусекторски пристап во изготовката на стратешки акти и акциски планови за справување со сиромаштија, нееднаквост и неинклузивност.

Образовни и младински политики: воведување интегриран пристап во контролата на квалитетот на образованието, повлекување на Законите за академија за наставници и основање на универзитет Дамјан Груев, подобрување на студентското и ученичкото организирање, стопирање нови планови за Стратегија за млади и стопирање експанзија на високообразовни институции и

Животна средина: системски промени за овозможување соодветна употреба на собраните еко-такси, со цел да се заштити животната средина и имплементација на правото на Европската Унија.

-Документот кој го презентираме денескае концизен текст кој претставува глас на здруженото граѓанско општество за насоката во која треба да се движат клучните демократски промени.

Сметаме дека овој документ треба да се прифати во целина. Прифаќањето на дел од документот, а отфрлање на друг дел, нема да доведе до посакуваниот ефект.

Потребно еда се обезбеди суштинска вклученостна граѓанското општество во проценката на состојбите во институциите, но и во мониторингот и  евалуацијата на спроведување на овие реформи. Вклученост треба да постои на сите нивоа на власта  вклучувајќи ги и независните, надзорните и регулаторните тела.

Оваа иницијатива не е дел од формален проект и таа не е финансиски поддржана од ниту еден странски или домашен фонд. Таа е израз на јасната визија на дел од граѓанските организации, академската заедница и експертите.

Со објавувањето на овој документги повикуваме граѓаните,граѓанските организации и движења, како и политичките партии да ја поддржат иницијативата и да дадат свој придонес кон надградување на документот, се вели во соопштението на граѓанските организации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026
ФОКУС
February 18, 2026

Меѓународна конференција — 4 години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот

ВЕСТИ February 18, 2026

На 24 февруари 2026 година, четири години по започнувањето на целосната воена агресија на Русија…

Девет нови амбасадори поминаа на владина седница – Муртезани во Брисел, Мангова во Лондон

February 18, 2026

Владиниот таен синдикалец јавно седна во скутот на власта – стана член на УО на ПИОМ

February 17, 2026

Советот ѝ остави на Владата да одлучи кој од четворицата кандидати ќе биде републички обвинител – дадоа позитивно мислење за сите освен за Панчевски

February 17, 2026
ТИКЕР

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.