Со звуците од химната на ВМРО-ДПМНЕ во салата “Борис Трајковски беше дочекан лидерот Никола Груевски. Граѓаните сите на нозе со развиорени знамиња му аплаудираа, а тој им отпоздравуваше. „Никола, Никола“!, ечи од трибините. Пеат „Никој ништо не ти може Никола“ По ова беше најавен и на говорницата излезе лидерот на партијата.
„Аирјија избори! Победуваме! Дојде време да се слушне гласот на народот, кој памети и знае што точно се случување и која е крајната цел. Дојдовме до посакувана цел, до почеток на крајот на кризата. Откако ја воведоа државата во невидена криза и во можност за меѓуетнички и други конфликти , затоа што така смислиле, но силата и мудроста на овој народ е многу пати докажувана. Народот дојде до посакуваната цел-изборите“, рече на почетокот на говорот Груевски. Тој во моментот говори за проектите и инвестициите во државата.
Во првите редови на собирот се Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Зоран Ставревски, Стевчо Јакимовски. Во салата го нема Миле Јанакиевски, поранешниот министер за транспорт и врски.




