Денешното рочиште  за случајот насилство се одложи за 3 мај затоа што обвиниетите не беа присутни на рочиштето, иако биле уредно поканети.

Адвокатот Никола Додевски во изјава за медиумите рече дека обвинетите не  се присутни затоа што се уште не било постапено по решението на Советот на јавните обвинители да се одлучи кој обвинител кој го застапува случајот.

Никола Додевски

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека се уште не го разгледале писмото од Советот на јавни обвинители и дека нема да направат прераспределба на јавниот обвинител во овој случај.

Во текот на денешното рочиште обвинителката Фатиме Фетаи побара од судијката Татјана Михајлова објаснување зошти не им се доставени снимките од рочиштето одржано на 16 декември минатата година

-Иако досега неколку пати ви се обративме со барања и молби да ни ги доставите видео снимките од рочиштето од 16 дееквмри минатата година вие тоа не го сторивте.  Од друга страна на Советот на јавни обвинители експресно им ја доставите снимката од претхдното рочиште за да можат да видат дали ние сносиме некаква одговорност. Би сакала објаснување зошто досега не ни се доставени снимките,  рече Фетаи.

Екс премиерот Никола Груевски, Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски, пратеничката Даниела Рангелова како и уште 11 лица се обвинети за нарачаните шамари за градоначалникот на Центар.

Првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова. Според обвинението, Груевски во случајот е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.

На 22 февруари, судијката Татјана Михајлова го прекина рочиштето, откако ги казни обвинителките од Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2.000 евра поради непочитување на судот.

Советот на јавни обвинители на седницата пред два дена заклучил дека Јанева и Фетаи го прекршиле кодексот и предложи да се назначи нов обвинител во овој предмет.

Во меѓувреме, неделава судијката Михајлова, која ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје поднесе неотповиклива оставка.

На претходната расправа за судскиот процес за општина Центар, која се одржа на 16 декември, судијката ги одби „бомбите“ како доказ со образложение дека со нив се кршеле човековите права.

СЈО на почетокот на овој месец поднесе жалба до Апелација, но се уште нема одлука.