Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во следните денови ќе летува со своето семејство во Република Турција, соопштија од партијата.
Груевски ќе престојува во Турција во приватнa режија и аранжман.
Лани Груевски, кој се уште беше премиер, беше на одмор во Израел. Откако на социјалните мрежи се појави фотографија од Груевски на плажа за која корисниците тврдеа дека е направена во Тел Авив, од кабинетот на премиерот стаса соопштение во кое информираа дека тој е на одмор во Израел.
Во кусото соопштение граѓаните беа единствено информирани дека станува за збор за „неколкудневен одмор“.
Фотографијата која беше објавена стана вирална на социјалните мрежи и коментарите на граѓаните најмногу се однесуваа на цената на очилата кои ги носи, како и на тоа дали оди во вистинско време за одмор, во екот на политичката криза која ја фати земјата.




