Екс премиерот Никола Груевски денеска не се појави на изрекувањето на пресудата за случајот на СЈО за набавката на мерцеседот од 600.000 евра познат како Тенк.

Во судницата сепак се појави екс помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, кој беше спроведен од затворот во Шутка каде е во притвор по изрекувањето на вчерашната предуа за набавката на возила за МВР.

Во овој случај обвинета е и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена поради „ризична бременост“.

Пред судот се поставени метални огради, поради најавите за протести. Во моментов, пред судот има само десетина граѓани. Од разговорот на новинарите со нив, тие велат дека дошле за да изразат нездоволството од судскиот процес и да побараат ослободување на обвинетите.

Според обвинението , Груевски како премиер побарал од Јанкулоска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, а се фаворизирала фирмата „Мак Аутостар ДООЕЛ“. За да го исполни барањето Јанкулоска го ангажирала Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување. МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на Владата, но според обвинителниот акт, било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа.