Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прес-конференција денес ги обвини новиот премиер Зоран Заев, СДСМ, дел од невладините организации и дел од новинарската фела како директни поттикнувачи на нападот врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Според Груевски се работи за свиреп, недвосмислен и планиран обид за атентат.

Дедото на Тамара Димовска од Велес пукал во Тодоров

– СДСМ, Зоран Заев, куп невладини организации, платеничката Шарена револуција подготвуваа терен за ова. За ВМРО-ДПМНЕ да се испрати во опозиција и Заев да дојде на власт. Врз Тодоров и врз сите нас три години се фрлаат етикети и лажни обвинувања. Се создаваше хистерија со лажни информации. Денес било трагано по Тодоров и тоа е политички поттикнато. Од 2014, СДСМ, Зоран Заев, невладините, дел од новинарската фела и други, Никола Тодоров го нарекуваа “министер за смрт“ за да го убедат народот нас да не мрази. Оваа платеничка група, непрекидно со лаги и манипулации градеше атмосфера, изјави Груевски.

Тој тврди дека заедно со неговото семејство биле под постојана јавна закана, а исто така и останати функционери од партијата.

СДСМ го осуди нападот врз Никола Тодоров

– Дали за ова се бореа сите поддржувачи на СДСМ. Дали е ова животот кој од денес треба да дојде во Македонија? ВМРО-ДПМНЕ е под напад од сите страни, ова е хајка и поттикнување на одмазднички акции. Ова е срам за државата и за демократијата. Своја вина носат сите кои ја потпалуваа сцената, рече Груевски.

Никола Груевски исто така го обвини Зоран Заев дека со идеи и резултати не можел да дојде на власт, и изминативе две години постојано употребувал зборови како “револуција“ што Груевски смета дека е поттикнување на насилство.

– Обид за убиство имаше денес врз Тодоров, пред две недели врз Антонијо Милошоски. Повеќето од ВМРО-ДПМНЕ се под закана. Јас и семеството сме под постојана јавна закана, рече лидерот на партијата тврдејќи дека се работи за хајка.

Мајката на Тамара за НОВА: Го осудувам нападот, иако ми е татко

За ова, екс-премиерот и неговата партија бараат одговорност од сторителот, но како што рече и од поттикнувачите.

– Ова може да се повтори. Ова е резултат на се што се гради подолг период. Ова нема да не заплаши. Ќе останеме да страната на националните интереси на Република Македонија, рече лидерот на опзицијата во својата реакција.