По средбите со лидерската четворка, потписници на Договорот од Пржино, премиерот Емил Димитриев, граѓанскиот сектор и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, еврокомесарот Јоханес Хан порача дека оваа посета ја остварил за да покаже дека значителниот процес до изборите ЕУ и понатаму будно го следи.

Хан вели дека изборите се многу важни за враќање на земјата на евроатлантскиот пат, но исто толку важни се и Итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе. Според него многу е важно добро да се подготват и спроведат изборите во декември за после нив, никој да нема забелешки.

Пред политичарите рече дека ја потенцирал и важноста на работата на специјалната обвинителка и нејзиниот тим биде поддржана, а за истото бил уверен дека ќе биде така.

*Ахмети: Нема време за измените кои ги бара Јанева

*Тачи: ДПА ќе ги поддржи измените кои ги бара СЈО

– Важно е да се почитува работата на СЈО и бев уверуван дека институцијата ќе продолжи да си ја врши работата непречено, изјави меѓу другото Хан.

Тој потенцираше дека увидел и напредок во земјата особено кога станува збор за медиумите, но рече дека тие ќе треба дополнително да придонес за непристрасно известување.

*Хан-Заев: Да се почитува обврската за слободни, фер и регуларни избори

*Средба на Хан со Груевски: Исполнети се условите за избори во декември

Еврокомесарот за проширување во изјавата по средбит дополни дека Македонија и регионот добиле на репутација во справувањето со мигрантската криза и дека земјата треба да го искористи тој моментум за да се врати на европскиот пат.

Претходно, при средбите со како што вели Хан, клучните луѓе во земјата, ја сумираше важноста од почитување на договореното од Пржино, но и дека ЕУ како гарантор, и понатаму ќе го следи процесот во Македонија.