Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан за МИА: Уверен сум дека ЕУ ќе одобри старт на преговорите пред летото

0
By Нова ТВ on May 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за МИА во Брисел вели дека е уверен оти земјите членки на ЕУ пред летото ќе одобрат почеток на преговори со Северна Македонија.

Според него, земјава е апсолутно подготвена да ги почне преговорите, врз основа на резултатите и постигнатиот историски договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија, со што, како што вели докажа дека и и најдолгите спорови во регионот можат да бидат решени.

Нагласува дека пристапниот процес не е еднонасочна улица, туку се гради врз одговорност од двете страни.

– Ако земји како Северна Македонија ги исполнуваат тешките услови, со жртви по населението и висок политички и личен ризик за Владата, тоа мора да биде препознато со тоа што ќе се турне земјата напред кон ЕУ. Ако нашите партнерски земји исполнуваат, нашите земји членки мораат исто така да исполнат, оценува Хан.

Таквиот чекор на ЕУ, истакнува еврокомесарот, не е само само награда за постигнувањата на индивидуалните земји туку и неопходен поттик и охрабрување за целиот регион да го задржи реформскиот напор. Интеграцијата на Западниот Балкан е инвестиција во стабилноста на Унијата и зачувување на нејзините политички, економски и геополитички интереси, вали Хан во интервјуто за МИА.

Како области каде има напредок во споредба со лани, Хан ги посочува: зајакнувањето на независноста на судството, конзистентните резултати во истрагите, обвиненијата и конечните пресуди за корупција и организиран криминал, вклучително и оние од висок профил, потоа работата на Државната Комисија за спречување корупција, реформата во делот на разузнавачките и безбедносните служби, преку соработката со НАТО и стратешките партнери за спречување на повторна појава на сериозните проблеми од минатото, како прислушкувањето, напорите за професионализација на јавната администрација и против наводните партиски назначувања, како и приврзувашењето на законот за ЈО.

За тоа дали резултатите од европските избори, посебно во Франција би се одразиле на оваа одлука на земјите членки за одобрување датум за нашата земја, Хан вели дека „со оглед на убедливиот напредок кој го направи Северна Македонија, уверен сум дека земјите членки ќе дадат зелено светло пред летото“.

-Пристапниот процес не е еднонасочна улица, туку се гради врз одговорност од двете страни. Ако земји како Северна Македонија ги исполнуваат тешките услови, со жртви за населението и висок политички и личен ризик од страна на владата, ова мора да биде препознато со тоа што ќе се турне земјата напред кон ЕУ. Како што секогаш велам: ако нашите партнерски земји исполнуваат, нашите земји членки мораат исто така да исполнат. Ова не е само награда за постигнувањата на индивидуалните земји туку е потребен поттик и охрабрување за целиот регион да го задржи реформскиот напор. Интеграцијата на Западниот Балкан е инвестиција во стабилноста на Унијата и зачувување на нејзините политички, економски и геополитички интереси. Една од приоритетните цели дефинирани во Сибиу беше да се стане вистински глобален играч. Каде на друго место да започнеме ако не во нашето непосредно соседство? Алтернативата би била да им се остави регионот на нашите конкуренти кои имаат своја политичка агенда, вели Хан за МИА. 

Сепак тој инсистира да не се заборави дека во нашиот случај се работи за отворање преговори.

-Има уште долг пат до членство, но треба да и се даде шанса за старт на преговори на Северна Македонија, која покажа убедлива посветеност кон стратешката евроатлантска цел, додава Хан.

За тоа кои се ризиците доколку ваквата одлука се одложи за есен, Хан укажува дека е „уверен дека земјите членки ќе дадат зелено светло за Северна Македонија пред летото“ и дека овој сигнал е потребен за консолидирање на реформскиот напредок во земјата и на Преспанскиот договор.

-Ако ЕУ не испорача од своја страна, граѓаните би можеле да изгубат доверба во европската перспектива. Реформската динамика би можела да ослабне, не само во Северна Македонија туку во целиот регион, ова не е во интерес на ЕУ, вели Хан во интервју за МИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.