Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: 70 проценти од жените во Македонија биле жртви на насилство

0
By Нова ТВ on November 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 25, 2016 13:07

По повод  Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените, Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија укажува дека ова продолжува да биде сериозен системски проблем, кој најчесто се  манифестира и е резултат на дискриминаторски третман на мажите врз жените, а државата се уште не успева да обезбеди ефикасен систем на заштита на жртвите.

– За ова говори и фактот дека 70% од жените во Република Македонија доживеале некаков вид на насилство во нивниот живот. Незаинтересираноста на државата да обрне посебно внимание за подобрување на состојбите во однос на насилството врз жените и нефункционалноста на системот на заштита најдобро се отсликуваат во неофицијалните податоци на невладините организации кои велат дека во период пократок од две години – од 01.01.2015 до денес се регистрирани 15 фемициди.

За споредба, во период од речиси 14 години – од 15.08.2001 до 01.01.2015 регистрирани се 25 фемициди. Освен за семејното насилство, не постојат официјални податоци за бројот на различните форми на родово базирано насилство поради тоа што државата не води ваква статистика, се вели во соопштението.

И покрај измените и дополнувањата на законската и подзаконската регулатива, во Република Македонија нема видлив напредок и подобрување на резултатите во превенцијата и заштитата на жените кои се жртви на насилство, ниту соодветно гонење и процесирање на сторителите на насилството од друга страна, констатира Хелсиншкиот комитет.

– Еден од најголемите и клучни проблеми е системот на заштита на жените жртви на насилство. Уште при самото пријавување на насилството во полиција, во центрите за социјална работа и здравствените установи и минувајќи низ лавиринтите на системот, жртвите стануваат по втор пат жртви.

Имено, полициските службеници кои првично се повикани да реагираат, многу често не се сензибилизирани ниту обучени за постапување со жени жртви на насилство. Од друга страна Центрите за социјална работа  со нивниот слаб капацитет и ресурси, не се во состојба квалитетно и навремено да одговорат на пријавите на жртвите, особено не надвор од работното време.

Сериозен проблем претставува и згрижувањето на жртвите во шелтер –центрите, односно засолништа за привремено згрижување на жртвите на насилство. Постоечките капацитети на шелтер-центрите за згрижување на жени жртви на семејно насилствоне не се доволни за сместување на сите жртви на кои тоа им е потребно, а во повеќето градови низ државата воопшто и не постојат вакви шелтер-центри. Дополнително, во државата не постојат шелтер-центри за згрижување на жени-жртви на сексуално насилство, се вели во соопштението.

Хелсиншкиот комитет потсетува дека Република Македонија е потписничка на Конвенцијата на Советот на Европа  за спречување и борба против насилство врз жени и семејно насилство (Истанбулска конвенција), која утврдува правно обврзувачки стандарди за спречување на насилство врз жената, вклучувајќи го и семејното насилство, за заштита на жртвите и казнување на сторителите. Доколку навистина постои волја од страна на државата за заштита на жените жртви на родово базирано насилство неопходно е што поскоро ратификување на Истанбулската конвенција и прилагодување на домашната регулатива и системот на заштита во согласност со одредбите на Конвенцијата.

Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуција 54/134 на 17ти декември 1999 година го утврди 25ти Ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
ФОКУС
February 8, 2026

НСПВ: Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани

ВЕСТИ February 8, 2026

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во…

Нови руски напади во Украина

February 8, 2026

Милано: Протести против Олимписките игри – го нарушувале еко системот но и живото во градот станал прескап

February 7, 2026

МВР заплени нови 40 тони марихуана наводно поради неусоглесеност на количествата со лиценците  

February 7, 2026
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.