Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави решение со кое ја уважил жалбата на Крсто Мукоски, обвинет за настаните од 27 април во Собранието  и му ја укина мерката куќен притвор и му е определуваат мерки за претпазливост – одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова и Обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга.

Претходно и други двајца пратеници обвинети за истото дело Сашо Василевски и Љубен Арнаудов се ослободени од куќен притвор со парична и имотна гаранција.