Најмалку 18 лица се убиени, а повеќе од 40 повредени во стампедо во западниот индиски град Мумбаи, јавува Би-Би-Си.
Локалните власти велат дека инцидентот се случил кога илјадници ужалени луѓе се собраа во домот на еден муслиман духовен лидер, кој почина во петокот.
Извештаите сугерираат дека луѓе беа прегазени пред портите на куќата каде што телото на Суедна Мохамед Бурханудин било чувано.
Лидерот на Даводи Бохра, заедницата на Исмаили шиитите почина на возраст од 102.
Погребот на починатиот лидер се очекува подоцна во саботата.
Стотици луѓе во Индија загинаа во слични трагедии во последниве години.
Во октомври, 115 луѓе беа прегазени во стампедо во хиндуистички фестивал во централната држава Мадја Прадеш.
Во 2011 година повеќе од 100 починаа на фестивал во јужната држава Керала.
Во Јодхпур Мерангар Форт, повеќе од 220 луѓе беа убиени во 2008 година во стампедо на Чамунда Деви хинду-храмот.

