Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервентно субвенционирање за предадени домати за преработка

0
By Нова ТВ on June 24, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе помогне во решавање на откупот на доматите со интервентна субвенција од четири денари за килограм предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети.

Како што соопшти Министерството, на овој начин со постоечката дополнителна субвенција за предаден зеленчук во преработувачки капацитети од три денари за килограм, производителите на домати ќе добијат вкупно седум денари субвенција за предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети. Одлуката се очекува да биде донесена следната недела на седница на Влада.

Ваквата одлука ќе важи за сите земјоделци кои ќе го предадат доматот во преработувачките капацитети до 15 јули годинава.

Според МЗШВ, оваа интервентна субвенција од четири денари за килограм домат предаден во регистрирани преработувачки капацитети ќе овозможи стабилизирање на пазарот со откупот на домати во овој период до 15.07.2018 година.

Тимови од МЗШВ, се додава, изминатиов период беа секојдневно на терен и во комуникација со земјоделците, откупувачите и преработувачите со цел да се најде соодветно решение, а за таа цел Министерството стапило во контакт со преработувачите кои покажале интерес за откуп на вишокот домати.

Причината за проблемот со откупот на домати, како што се оценува, е поради тоа што во овој период расте понудата на традиционални пазари за извоз од тамошните производители, што влијае врз отежнување на откупот на македонските домати.

Од МЗШВ најавуваат дека и во следниот период ќе го следат откупот на домати и ќе делуваат континуирано во делот на интервенциите и решавање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно. Во меѓувреме, посочуваат, интензивно работат и на отворање нови пазари за македонските земјоделски производи, за што уште пред неколку месеци е испратен допис до сите конзуларни канцеларии и до амбасадорите да помогнат во тоа. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.