Претседателот Ѓорге Иванов нема да учествува на Самитот на НАТО во Варшава, поради игнорирањето на меѓународното право, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти, безбедносните предизвици во регионот, соопштуват од неговиот Кабинет
– Претседателот Иванов уште пред самитот на НАТО во Кардиф во 2014 година донесе одлука да не учествува на самити на НАТО на кои нема да бидат испочитувани заложбите на Република Македонија и на кои ќе продолжи игнорирањето на меѓународното право, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти, безбедносните предизвици во регионот. Конзистентен став на претседателот Иванов е дека фрустрациите од предолгото чекање се одразуваат на севкупниот живот во Република Македонија, особено во политичкиот и меѓуетничкиот. Се додека не се земаат предвид овие факти, претседателот Иванов нема да учествува на самити на НАТО, а Република Македонија ќе биде претставена на ниво на министер за одбрана и министер за надворешни работи“, велат од Кабинетот на претседателот Иванов.




