Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на Цивил: Лажна фотографија од Запорижја – стар наратив, нова манипулација

0
By Marija Todorovska on August 26, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 26, 2025 12:20

Во фотографија што кружи на Фејсбук и проруски канали се тврди дека во Запорижја, на Денот на независноста, млади носат нацистичко знаме. Тврдењето е ЛАЖНО. Форензиката укажува на манипулација. Ова е само еден од огромниот број примери на манипулации што секојдневно се дистрибуираат преку медиумите и социјалните мрежи.

Џабир Дерала, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани

Одамна е познато дека едно од најсилните оружја на руската воена машинерија се дезинформациите и пропагандата. Тие се покажаа како смртоносни и разорни, преминувајќи граници и култури и нанесувајќи штета на цивилното население без бомби и куршуми. Во оваа војна се користат софистицирани алатки – од слики генерирани со вештачка интелигенција, до фабрикувани содржини и лажни наративи. Често овие конструкции се препакувани во локални приказни за да добијат на убедливост и влијание.

Овој извештај е само еден од безбројните примери за тоа како функционира руската пропаганда.

Тврдење: Фотографија што кружи на Фејсбук и проруски канали (дистрибуирана и локално) наводно прикажува група млади во Запорижја, на Денот на независноста на Украина (24 август), како носат и украинско и нацистичко знаме.

Пресуда: ЛАЖНО. Повеќе визуелни и контекстуални индиции укажуваат дека фотографијата е дигитално манипулирана или е наместена за пропагандни цели. Нема независни извори, втор агол или службена потврда.

Фејсбук објава со лажна фотографија – дел од руски пропаганден наратив дистрибуиран локално, 24 август 2025 (скриншот)
ЛАЖНА ФОТОГРАФИЈА објавена на руски пропаганден канал на Телеграм, 24 август 2025 (скриншот)

Што знаеме?

  • Заднината е реална: Заднината (натписите „ІНМЕДИКО – педіатрія“) е реална и постои во Запорижја; тоа ја прави локацијата возможна, но не го докажува настанот и датумот, дека е снимено на 24 август.
  • Не постои независна потврда: Нема вест објавена на локалните медиуми, нема граѓани-очевидци или полициски извештај за ваков инцидент. Во голем град на самиот фронт, на Денот на независноста, ваков чин би предизвикал внимание, би имало повеќе снимки, и веднаш би бил пријавен.
  • Наци симболите се забранети во Украина: Од 2015 година, јавно истакнување на нацистички (а и комунистички) симболи е забрането со закон. Јавно истакнување на нацистичко знаме на Денот на независноста би предизвикал полициска интервенција.

Визуелни форензички индиции

Иако не можеме со целосна сигурност да докажеме манипулација врз основа на компресирана снимка од социјалните мрежи, неколку аномалии предизвикуваат сериозни сомнежи:

  1. Презаситеност и несогласување во острината: Двете знамиња изгледаат пообоени и поостри од остатокот од фотографијата. Сцената во позадина е малку заматена, додека рабовите на знамињата се невообичаено јасни.
  2. Геометриска аномалија: Дискот со свастиката останува речиси совршен круг и покрај наводните набори на ткаенината. Вистинска ткаенина би ги деформирала кружните форми во овални.
  3. Несогласување на сенките: Сенките и осветлувањето на знамињата не се совпаѓаат со луѓето и блиските објекти.

Овие индикатори упатуваат на дигитално вметнување или селективна обработка.

Анализа на дистрибуцијата и изворот

  • Фотографијата првично беше распространета преку Телеграм-каналот на Раша Тудеј (RT), а потоа засилена од други медиуми поврзани со Кремљ, како РИА новости, Lenta.ru, Gazeta.ru и Комсомолскаја правда.
  • Потоа се појави на Фејсбук преку профили кои изгледаат како локални (на пр., профилот „Горан Димов“), а кои очигледно функционираат како засилувачи. Ова е типична тактика на руските информативни операции: пропагандата да се „испере“ преку „обични“ профили за да изгледа поверодостојна.
  • Ниту еден независен медиум не ја објави ниту потврди фотографијата.

Зошто овој наратив?

Кремљ одамна го користи наративот за „денацификација“ за да ја оправда својата војна на агресија против Украина.

Секоја година, околу симболични датуми како 24 август (Денот на независноста на Украина), пропагандните канали ги засилуваат своите дезинформациски напори со ширење на наместени или дигитално манипулирани фотографии со наводна нацистичка симболика.

Мониторинг организации во Европа и пошироко, меѓу кои и ЦИВИЛ, континуирано ги разобличуваат дезинформациите и дигиталните манипулации со фотографии и видеа што ја поврзуваат Украина со нацистичка симболика, како дел од овој повторувачки пропаганден шаблон.

Што би било потребно за да се потврди автентичноста?

  • Оригиналната датотека со метаподатоци (EXIF).
  • Дополнителни агли или видео од независни очевидци.
  • Официјална потврда од полицијата или локалните власти за таков инцидент.
  • Известување од локални новинари или граѓански репортери.

Ништо од ова не постои во овој случај.

Заклучок на ЦИВИЛ

Земајќи ги предвид:

  • шемата на дистрибуција (потекло од пропагандни канали на Кремљ),
  • недостигот на независна потврда,
  • правната и општествената неверојатност за вакво јавно прикажување во Украина, и
  • визуелните аномалии што упатуваат на манипулација,

ЦИВИЛ ја оценува фотографијата како лажна, со голема веројатност дека е дигитално манипулирана или наместена.

Како да препознаете слични манипулации – Мини водич на ЦИВИЛ

  1. Проверете го изворот: Кој прв ја објавил фотографијата? Дали се веќе познати пропагандни канали?
  2. Побарајте повеќе агли: Ако настанот е вистински и на јавно место, обично постојат повеќе фотографии/видеа.
  3. Испитајте ја конзистентноста на фотографијата: Внимавајте на несовпаѓање во сенки, заситеност на боите, острина и други технички карактеристики.
  4. Проверете локално известување: Дали украински или меѓународни новинари известиле за тоа?
  5. Не споделувајте непроверени фотографии: Наместо тоа, пријавете ги во ЦИВИЛ.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

дезинформации Запорижја мониторинг Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026

Канада и Кина се согласија за меѓусебно намалување на царините

January 16, 2026

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026
ФОКУС
January 19, 2026Updated:January 19, 2026

Софија: Бугарија без влада, а сега и без претседател – Румен Радев утре ќе поднесе оставка, формира партија и ќе оди на парламентарни

ВЕСТИ January 19, 2026

Радев заминува од функцијата точно една година пред завршувањето на мандатот. Него ќе го наследи…

ЕУ до Трамп: Гренланд никогаш нема да биде американски, имаме алатки против твоите уцени

January 19, 2026

Трамп: Нема „Нобел“?  – тогаш заборавете на мирот!

January 19, 2026

Акција на ЈО и МВР: Пронајдени 350 000 евра заѕидани во ѕид – се сомнева на корумпиран судија

January 18, 2026
ТИКЕР

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026

Канада и Кина се согласија за меѓусебно намалување на царините

January 16, 2026

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.