Не се плашам да одговорам на сите прашања на пратениците денеска бидејќи имам поддршка од експремиерот Никола Груевски, рече специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, презентирајќи го шестмесечниот извештај за работата на СЈО пред собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Јанева од собраниска говорница кажа дека по 13 години како обвинител, чест и е што првпат денеска во историјата на Република Македонија, таа претставува обвинителство.
Обвинителката нагласи дека треба да се изменат неколку закони за да може да ги заштити сведоците и рече дека им треба време за да ги откријат сите криминалии од „бомбите“.
Присутен е и државниот обвинител Марко Зврлевски, бидејќи на седницата ќе се разгледува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.
Во понеделник пак, ќе се одржи собраниска седница на која ќе бидат разгледувани извештаите на двете обвинителства.




