Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева: Не спијам мирно ако знам дека сведоците се загрозени

0
By Нова ТВ on September 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 19, 2016 20:53

– Мирно спијам заради тоа како ја водам работата во законски процедури. Но не спијам мирно кога ме притискаат роковите,  доколку нема да ја завршиме работата на време. Не спијам мирно ако знам дека некој наш сведок е загрозен, бидејќи ни помогнал во работата, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во интервју за МТВ1 на прашањето дали спие мирно и дали се соочува со притисоци и закани.

-Би било нескромно и несериозно ако кажам дека нема притисоци и суптилни закани. Сепак морам да кажам дека јас како прв човек на СЈО и моите колеги сме целосно свесни за целта која треба да ја постигнеме, рече Јанева.

Во останатиот дел од интервјуто таа ги повтори веќе познатите ставови за предметот Пуч каде еден од обвинетите е лидерот на СДСМ Зоран Заев, за двете обвиненија што СЈО ги поднесе, за тоа дали Уставниот суд би можел да го прогласи СЈО за неуставно, како и за тоа дека лично ќе присуствува на разгледувањето на Вториот извештај на СЈО во Собранието и во Советот на јавни обвинители.

Јанева повторно апелираше до Собранието да се донесат измените во Законот за заштита на сведоци, бидејќи според неа тоа е еден од клучните услови да се продолжи со истрагите.

-Сакам да апелирам преку МТВ дека Закондавниот дом треба да ги донесе измените во Законот за заштита на сведоци. Покрај овие случаи што ги презентиравме на прес-конференциите имаме и други случаи каде мора да имаме инструмент да ги заштитиме нашите сведоци.

Претходно во изјава за НОВА претставници на политичките партии искажаа поделени ставови во врска со тоа дали Јанева може да побара измени на законите.

„Обвинителката ни под разно не може да бара измени на законите, бидејќи не е надлежна за тоа. Може да бараат тие што се надлежни за тоа, вели  Талат Џафери од ДУИ.

Од ВМРО ДПМНЕ пак велат дека дека ќе прават анализа, по која ќе го кажат нивниот став, но како што изјави Иво Котевски за НОВА „поентата е дека законите се изгласани, ако важат за другите обвинители тогаш треба да важат и за нив“.

Ставот на СДСМ по прашањето е познат. Според координатор на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, СДСМ може да ја покрене иницијативата, но само со нивните гласови таа веднаш ќе падне.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026
ФОКУС
February 18, 2026

Меѓународна конференција — 4 години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот

ВЕСТИ February 18, 2026

На 24 февруари 2026 година, четири години по започнувањето на целосната воена агресија на Русија…

Девет нови амбасадори поминаа на владина седница – Муртезани во Брисел, Мангова во Лондон

February 18, 2026

Владиниот таен синдикалец јавно седна во скутот на власта – стана член на УО на ПИОМ

February 17, 2026

Советот ѝ остави на Владата да одлучи кој од четворицата кандидати ќе биде републички обвинител – дадоа позитивно мислење за сите освен за Панчевски

February 17, 2026
ТИКЕР

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.