Втор ден специјалната јавна обвинителка Катица Јанева одговара на прашањата на пратениците кои се дел од Комисијата за политички системи. Иако на дневен ред е Извештајот за шестмесечното работење на СЈО, најмалку прашања има за тоа, а пратениците од владејачкото мнозинство нзи говорите ја обвинуваат Јанева за пристрасност и нестручност.
На пратеничко прашање за Зоран Заев кој е обвинет во случајот Пуч, Јанева рече дека ќе го праша и него, кога судот ќе закаже рочиште, односно на 1. ноевмри.
-Немам земено изјава од господинот Заев. Ќе го прашам обвинетиот Заев во предметот Пуч, кога судот ќе го закаже предметот да се суди, рече Јанева.
>>Рочиште за Пуч: Поротник се разболе, сведокот Груевски не бил повикан
Јанева одговарајќи на нападите, читаше делви од Законот за специјалното обвинителство според кое се утврдени нејзините надлежности.
-Барам сите луѓе опфатени од притвор да се пуштат. Јас не сум за мерката притвор, само кажувам дека е различен пристапот на судот за Обвинителството за организиран криминал и СЈО. Да ви кажам, во преметот Шпион кој го застапуваме пред Апелационен суд има луѓе кои по 4 години се во притвор. Три пати бараме за секој обвинет да се пушти од притвор, Апелација одбива, рече Јанева.




