Апелацискиот суд во Скопје, на јавна седница, денеска, ќе одлучува за притворот на бизнисменот Сеад Кочан и управител на на фирмата „Трансмет“, кој е првоосомничен во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство.

Судот ќе одлучува по жалба на неговиот правен застапник Никола Додевски на  решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, со кое минатиот четврток на Сеад Кочан му беше одреден 30-дневен притвор.

Кочан не и е достапен на полицијата и по него има потерница.

Како што објави НОВАТВ од вчера започнале промени во раководните позиции на фирмите на семејството Кочан.