По повеќе од две години истрага, Јавното обвинителство ја затвори кривичната постапка покрената против нафтената компанија Макпетрол, односно ја отфрли полициската пријава за Андреја Јосифовски, првиот човек на фирмата, но и уште против други 20, членови на Управен одбор, членови на надзорен одбор, како и лица од Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и од Комисијата за хартии, сите пријавени за злоупотреба на службена должност и овластување, објави Е магазин.
Но сега, по правосилното решение со кое се потврдува дека Јавното обвинителство нема да покрене обвинителен акт, излегува дека цел целиот процес бил хајка за да и се наштети на компанијата, како што впрочем и се сомневаа во Макпетрол.
Станува збор за случајот со формирањето на командитното друштво со акции ОИЛКО. Полицијата практично ги товареше осомничените за незаконско прелевање на капитал од едната во другата фирма. Во 2015-та кога беше поднесена пријавата МВР имаше проценето дека наводната штета што ја предизвикале пријавените изнесувала околу шест милиони евра. Ваквата пласирана верзија на полицијата во јавноста сега наиде на удар од обвинителството кое не може да препознае незаконите дејанија при формирањето на ОИЛКО, или било какво прелевање на капитал.
Со тоа се потврдува дека Оилко функционира легално и дека целата постапка за формирањето е легална, како што впрочем тврдеше тогаш и раководството на нафтената компанија дека со ова не е оштетен ниту еден акционер и дека пријавата е тенденциозна.. Како една од причините тогаш се дека пријавата на МВР е одмазда за изгубениот спор во кој се утврди незаконско оданочување на првите луѓе на компанијата со што УЈП беше задолжена да ги врати парите за незаконското оданочување Бројноста на пријавите и споровите, како и обидот за преземање на компанијата, само потврдуваат дека нафтениот гигант е под континуиран притисок.

