Published: Tuesday, May 31, 2016 19:37
Зградата каде што е сместено Специјалното јавно обвинителство и денеска беше зборно место од каде започнаа протестите што повеќе од еден месец се одвиваат под името Шарена револуција.
Денешните протести се под мотото „Ќе се чаталиме до слобода“. Протестниот марш се движи кон Владата. Учесниците во анти владините демонстрации велат дека поради препреките на кои наидуваат на рутата во текот на протестите од сега нема да го најавуваат правецот каде што ќе се движат.
И денеска е присутно возилото – маскота на Шарената револуција, кое вчера беше предмет на полициска проверка, како и неговиот возач кој беше држен на информативен разговор до доцна во ноќта.








