Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе сe подготвуваат планови за реорганизација на „Фени индустри“

0
By Нова ТВ on February 7, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Основниот суд во Велес се одржа испитно рочиште за материјално финансиската состојба и Извештајно собрание на доверителите на „Фени индустри“.

Најголеми доверители во А.Д „Фени“ во стечај за долг над 60 милиони евра се А.Д Комерцијална банка со 35 проценти од долгот, А.Д.Стопанска банка – Скопје со 22 проценти од долгот и затоа тие имаат право на одлучување.

Инаку, стечајниот управник Мирослав Анастасовски и двете банки-најголеми доверители овие планови за реорганизација на фабриката за никел, треба да ги изготват за 45 дена како што денеска што им одреди судијката Валентина Ѓорѓиева. По нив по истекот на овој рок ќе расправа Собранието на доверители на „Фени индустри“.

Пеце Ристевски претседател на гранковиот синдикат СИЕР изјави дека конечно почна стечајната постапка во „Фени индустри“ од Возарци кај Кавадарци.

– Досега имавме административни подготовки. Одлуките кои денес се донесоа одат во насока на забрзување на статусот на „Фени индустри“ како стечаен должник во моментов. Ние мислиме дека договорот ќе го испочитуваат тие што ја превземаат обврската и што им ја наметнаа доверителите, а паралелно со работењето на „Фени“ под закуп ќе се реализира стечајната постапка. На крај се надеваме дека вработените ќе добиваат солидни плати и на „Фени индустри“ трајно и брзо ќе му се реши статусот, појасни Ристевски.

Според него, самата стечајна постапка во „Фени индустри“ ќе се води на поспецифичен начин.

– Се договоривме работниците да останат на работа и земаат 75 проценти плата во услови кога ништо не работат, а истовремено трајно да се решава статусот согласно Законот за стечај. Нашата позиција е многу јасна, ако „Фени индустри“ работи со полн капацитет, работниците да земаат цела плата како што ја земале пред стечајот, посочи Ристевски.

За парите од закуп од еден милион и двесте илјади евра од закупецот, Ристевски појасни дека ќе одат за трошоците за водење на стечајот, а делот што ќе остане ќе оди во стечајната маса на „Фени индустри“ и ќе им се распределат на доверителите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.