Министерството за образование и наука денеска соопшти дека од септември нема да се применува програмата Кембриџ во јавните средни училишта, од оваа година и се одложува за следната 2018/2019.

Оваа одлука е донесена на седницата на Владата одржана вчера.

Како што се наведува во соопштението, оваа одлука е донесена имајќи го предвид временскиот теснец  за да се обезбедат овие стандарди и заради избегнување на несакани ситуации во средното образование. Целта е на ваков начин да се даде разумен временски период за дебата и подготовка на учебници од кои македонските ученици ќе го добијат заслуженото квалитетно и светско образованиие.

– Воведувањето на нови наставни програми бара анализа и обмислување на процесите, а не избрзани решенија. Тоа меѓу другото значи и подготовка на учебници кои користат соодветна терминологија, кои се јасни и прецизни и кои се соодветни за образовниот систем на Република Македонија, велат од Министерството за образование.

Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ и Министерството за образование, лани во ноември потпишаа договор за имплементација на ваквата образовна програма и во средните училишта во Република Македонија од уќебната 2017/2018.