Published: Wednesday, September 13, 2017 09:24
Владата денеска ќе објави информации за тоа колку државна помош им е доделена на странските инвеститори.
Податоците се содржани во „Анализата на трошоци – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија во периодот 2007 – мај 2017.
Анализата е направена по одлуката донесена на владина седница за декласификација на договорите потпишани од поранешната влада.
Поради обемноста на материјалите, од Владата за следните денови најавуваат втора прес-конференција.




