Продолжението на седницата на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија закажано за денеска се откажа поради отсуство на пратениците од ВМРО ДПМНЕ. Ново продолжение е закажано за утре во 11 часот.
Седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која се расправа по Предлог-буџетот за 2018 година почна во понеделникот. Во вторникот беше најавено продолжение, но по информациите за приведување за настанаите од 27 април во Собранието, беше откажано. Ново продолжение беше закажано за денеска.
Општиот претрес по предлогот според Деловникот трае 10 работни денови. По предлогот се поднесени 279 амандмани.

