Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Компанијата Алкалоид одбележа 40 години од брендот „Бекутан“

0
By Нова ТВ on April 3, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Алкалоид АД Скопје денеска го одбележа почетокот на кампањата по повод 40-годишниот јубилеј на еден од водечките брендови на компанијата „Бекутан“.

Почнувајќи со само пет производи „Бекутан“ наменети за нега на бебешката кожа во 1978 година, денеска производното портфолио на брендот брои 26 основни типови производи со над 50 различни форми на пакувања.

Генералниот директор и претседател на УО на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, вели дека формулациите на продуктното портфолио се работени според најновите трендови во медицинската козметологија, во блиска соработка со врвни фармацевти, педијатри и дерматолози во земјава.

„Довербата на брендот „Бекутан“од 1978 година се пренесува од генерација на генерација. Тоа е нашиот нацврст темел за догогодишна традиција. Со повеќе од 200 милиони продадени парчиња производи, „Бекутан“ е синоним за постојан квалитет, доверба и лојалност. И во иднина, ние како компанија, ќе продолжиме да работиме сериозно и максимално посветено, за оваа наша заедничка успешна приказна да продолжи“, изјави Мукаетов.

Маја Мизо, бренд-менаџер за „Бекутан“ рече дека по повод 40-годишниот јубилеј, компанијата одлучила да подготви низа активности наменети за корисниците, посебно оние најмалите, меѓу кои се:  лимитирани трендовски пакувања од добропознатите шампон и пенлива купка; нови форми од водечкиот производ – препознатливиот „Бекутан“ крем, кои наскоро ќе бидат достапни на пазарот; „Вибер“ стикери за полесна и поинтересна комуникација; наградна игра со бројни интересни награди и слично.

Во знак на благодарност за долгогодишната соработка во развојот на брендот низ годините, „Алкалоид“ им додели признанија за „Почесни бренд амбасадори“ на прим. д-р Марина Поп Лазарова, доц. д-р Катерина Дамевска, проф. д-р Катарина Ставриќ, прим. д-р Весна Деловска и проф. д-р Катица Пиперкова.

Како гест на благодарност за професионалниот и партнерски однос низ годините, „Бекутан“ додели јубилејни плакети на пет здравствени установи: Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, Клиничката болница – Тетово, Првата приватна општа болница „Ремедика“ и Клиничката болница „Аџибадем – Систина“.

Рангирани меѓу водечките брендови во сегментот „детска козметика“ на регионално ниво, „Бекутан“ производите се изработени од врвни суровини со проверен квалитет, исклучително благи формулации и уникатни рецептури, сигурни за употреба уште од првиот ден по раѓањето. Севкупниот производен процес се одвива во согласност со строгите стандарди за „Добра производна пракса“. Лидер во колекцијата е „Бекутан“ детскиот крем со продадени над 45 милиони парчиња.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.