Во очекување на објавувањето на Извештајот за напредокот на земјите во процесот на интеграцијата во ЕУ, европратеникот Едвард Кукан, кој воедно посредуваше во постигнувањето на Договорот од Пржино, изрази надеж дека претстојните избори во Македонија ќе помогнат во решавањето на политичката криза и со тоа ќе се овозможи продолжување на овој процес за Македонија
– Ја очекувам презентацијата на комесарот Хан во врска со извештајот за напредокот на во интегративниот процес кон ЕУ. Јасно е дека напредокот е во тек. Исто така е јасно дека европскиот проект може единствено да биде финализиран кога регионот на Западен Балкан целосно ќе биде интегриран во ЕУ.
Постоечката политичка криза во Македонија ја успорува интерграцијата на земјата. Сепак, потребно е да ги признаеме напорите направени во правец на излез од ситуацијата. Се надевам дека претстојните избори ќе го потврдат европскиот курс на земјата и ќе овозможат политичарите да се сконцентрираат на реформите неохдни за продолжување на процесот на интеграција, вели Кукан.




