Првите два ресторана на американскиот бренд КФЦ ќе бидат отворени во Скопје и Тетово на 14 септември годинава. Ова го најави сопственикот на лиценцата Фатмир Зимбери на средба со премиерот Зоран Заев.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, американската компанија ќе инвестира повеќе од 10 милиони евра и согласно подготвениот бизнис план планирано е да се отворат повеќе ресторани во земјава со околу 400 нови работени места.
Според Зимбери, до крајот на годината се планира отворање на вкупно три ресторани во Македонија, со подготвен четиригодишен бизнис план за отворање 15 до 20 ресторани со вкупно 400 вработени.
Компанијата КФЦ, со седиште во Кентаки, САД е основана во 1991 година и со повеќе од 23.000 ресторани во над 120 држави е втор најголем ресторан за брза храна во светот. КФЦ е лидер во подготовка и послужување на пилешко месо подготвено на специфични начини.

