Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Тапа Џонсон

0
By Zoran Ivanov on November 5, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 5, 2025 01:20

Зоран Иванов

По уште еден катастрофален Извештај во авторство на овдешни и странски ЕУ набљудувачи ангажирани за аналитички согледувања на, за нас, евентуалниот напредок кон ЕУ стандардите, за напредок натаму, за придвижување на Република Северна Македонија, за напредок во демократските и економските стандарди, излегува дека актуелната власт стокмена, онака тотал, во рацете на една политичка структура, е сосема без атом кондиција за ЕУ маратонот.

И, евидентоно, излегува дека ЕУ денеска пак дискретно не’ отфикари.

И покажа дека ако за ништо друго туку за својата совест, ќе си типува на две други држави од регионов.

Си манифестирше искреност и потврда за ветувањата за ЕУ проширувањето со земји и од ова каливо парче од Балканот.

Македонија во тоа ја нема. Пак ја нема.

Македонија северна, под принуда ама и по сопствен избор, и натаму си останува настрана од ЕУ.

Пак самата си одбра да си турка гордо како што, впрочем, и вети, да си фаќа џенем во својата сопствена само изолација.

Самата таа, таа „нашата“, таа самата, ќе си направела ЕУ овде.

Самата. Самата. Ние самите.

Епилогот на сета оваа политичка внатрешно македонска авантура, на крајот, кога и да е тој, ќе биде џабето од толкавата граѓанската изборна доверба за ДПМНЕ и за нејзиниот лидер.

Ова посебно сега по овие локални по кои Тој, како и да се заврти, дефинитивно е лидер.

Времен како и секој досега, па сепак, за ова, време, засега лидер во ова актуелно време. Неприкосновен во изборната поддршка во државата во која, по сите линии, речиси се’ нему и речиси се’ и на сите нам, му е, и ни е, тапа до тапа.

Тапа со корупција, дисциплина во која водиме на континентов, тапа со два посто по право и правда, тапа по стандард најдолен во регионот, за пошироко ич збор и не станува, тапа во екномијата скроз зависна увозно, тапа во образованието, децата, според сите меѓународни анкети, по знаење ни се на европското дно, тапа во дигитализацијата, тапа во администрацијата, тапа на шенгенската, и т.н. и т.н. се` тапа до тапа.

Па, ало Влада, ало Водно, или …
Или работава со ЕУ, уште долго, бескрајно долго, ќе ни е – Тапа Џонсон.
Тапа Џонсон ама Гордо!

И, за појасно за помладите, “Тапа Џонсон” е скопски сленг жаргон од средината на минатиот век во „функција” да дефинира тапост, глупост, недоветност, нереалност, лажност или, накусо, пораката би била да не му се верува затоа што е – Тапа Џонсон.

 

 

Зоран Иванов коллумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.