Претседателот на надзорната комисија за поплавите Панче Орцев штотуку ја прекина седницата и без да прецизира кога ќе продолжат со работа, јавува репортерот на НОВА Влатко Чаловски од Собранието.
Веднаш по паузата, Орцев влегол и констатирал дека иако неколкупати е повикан првиот сведок Никола Тодоров, тој не се одзвал на повикот и продолжи кон вториот на листата. По ова настана тензија, во која пратеникот од ГРОМ Чедомир Саздовски се приближи кон претседателот Орцев и му забрани да го користи микрофонот.
По овој мал инцидент, Орцев одлучи да ја прекине седницата.
Седницата на комисијата за поплавите на неколку наврати беше прекинувана денеска, бидејќи власта и опозицијата не можеа да се договорат околу Деловникот за работа и начинот на кој ќе бидат испрашувани сведоците.




