Земјотрес со магнитуда од 1,9 степени според Рихтеровата скала денеска во 13 часот и 20 минути е регистриран во Скопје и околината, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот е во источниот дел на скопското епицентрално подрачје и е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.