Published: Saturday, November 12, 2016 14:07
По повод Меѓународниот ден на толеранцијата (16 ноември), Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го организира осмиот Марш на толеранција, кој ќе се одржи на 13ти ноември (недела) со почеток од 12 часот.
Годинешниот Марш на толеранција е посветен на борбата против говорот на омраза и почитувањето и толеранцијата на различностите.
Маршот е поддржан од организациите- членки на Платформата против говор на омраза.
По завршувањето на Маршот, ќе се одржи промоција на видео-кампања против говорот на омраза, која ќе биде во кафе барот Менада.




