Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, утрте, сабота, во Скопје ќе се одржи новиот протестен „Марш за ангелите“.
Маршот на семејствата на загинатите, кои инаку секоја сабота маршираат во Кочани, овој пат ќе започне во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што учесниците ќе продолжат кон Собранието и Основниот кривичен суд Скопје.
Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба ваша поддршка,“ порачаа семејствата на загинатите во својот повик до граѓаните да им се придружат во маршот за правда и одговорност.
Родителите ги повикаа жителите на главниот град масовно да им се придружат во протестната поворка.

