Граѓаните се сомневаат во масовно и организирано труење на животните во Пехчево. Цел град, животните, но и луѓето, а децата пред се се изложени на опасност по својот живот од отрови кои сотреа еден куп миленици и животни кои немаат дом.

– Ажурни се само од комуналното претпријатие кое уредно поминува со багери и ги собира мртвите но и се уште живи животни – бруталност каква што до сега немаме видено, при што живите животни душата си ја испуштаа во челуштите на багерот, фрлани како натрупано ѓубре – велат од Анима мунди.

Анима мунди бара најитна истрага и кривична одговорност на сите инволвирани кои стојат зад монстурозноста во Пехчево, масовното труење низ цел град, кое според нив е невидливо за  полициските служби на градот и пред се општинската администрација и  градоначалникот Драган Тренчовски.

– Како Здружение, имаме евидентирано и известувано за повеќе случаеви на труење на животни. Некогаш се работи за изолирани случаи, но многупати се забележани и случаи на масовно труење –велат од Анима мунди.

https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/249972232572231/